Велосипедскиот Клуб Енерџи е основан во 2007 од група ентузијасти - вљубеници во велосипедизмот, со цел создавање клуб кој сестрано ќе го промовира велосипедизмот. Енерџи е отворен, пријателски ориентиран клуб кој ги охрабрува луѓето да возат велосипед, да се натпреваруваат, но пред сè да се дружат. Вратите на клубот секогаш се отворени за нови членови и може да бидете сигурни дека со Енерџи никогаш нема да останете позади!
 
ЧЛЕНУВАЊЕ
Членувањето во клубот е регулирано со годишна членарина која изнесува 1200 денари со директно плаќање на сметката на Енерџи (Жиро Сметка 210-0623335001-65 НЛБ Тутунска Банка АД Скопје) и со тоа членовите ги добиваат следните бенифиции:
 
1. Енерџи маичка
2. Еден бесплатен комплетен сервис на велосипедот во Бајк Стоп
3. Попуст 15% на целокупниот асортиман во Бајк Стоп
4. Регулирана котизација за учество на Мавровскиот МТБ Маратон
5. Клубски кит по повластена цена  (-40% од малопродажната)
 
Членовите кои ќе се определат за учество во системот на натпревари на Велосипедската Федерација на Македонија и ја исполнат квотата од 80% присутност во било која категорија и дисциплина, дополнително добиваат:
 
1. Одржување на велосипедот во текот на целата натпреварувачка сезона
2. Организиран превоз за сите натпревари
 
НАТПРЕВАРИ
ВК Енерџи активно учествува во системот на натпревари на Велосипедската Федерација на Македонија во планински и друмски велосипедизам. Натпреварувачката сезона започнува во Март, а завршува во Октомври. Натпреварувачките категории се следните:
 
  • КАДЕТИ          
  • ЈУНИОРИ       
  • ЕЛИТ              
  • МАСТЕРС       
  • ЖЕНИ
  • Категорија Под 13 години
  • Категорија Под 15 години     
 
Ги повикуваме сите заинтересирани за натпревар за повеќе информации да се јават на 02 323 1772 или со допис на info@energi-cycling.mk.
 
ВК Енерџи организира неколку натпревари во текот на годината меѓу кои Гази Баба ХС, Водно ХС, Маратон Маврово ХС како и Кружната трка Трофеј Град Скопје.